Анчелоти: Арда Ѓулер има дар, го сака топката (Видео)

Арда Ѓулер е најефикасниот фудбалер во шпанската лига ако се гледа просекот на голови кои ги дава според одиграната минутажа. Тој ги тресе противничките мрежи на секои 80-тина минути, па и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е импресиониран.

Ѓулер имаше тежок почеток во Реал, го мачеа повреди, долго чекаше на дебито, а сега кога почна да добива шанса, секогаш ја искористува. Го сакаат и навивачите и соиграчите, а и Анчелоти е задоволен.

„Тој има дар. Дава голови и кога не сака. Мислам дека тоа е така затоа што топката е заљубена во него“, изјави Анчелоти.

Синоќа кога Арда даде гол, Италијанецот имаше многу интересна реакција, најпрвин со рацете изрази чудење и воодушевување, а потоа вртеше со очите и главата во знак на задоволство.

https://twitter.com/i/status/1790492114859499636

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести