34.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Анчелоти: Бензема е многу разочаран!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потврди дека Карим Бензема нема да игра утре на дуелот со Кадис од шпанското првенство, последен меч за Реал пред паузата за Светско првенство, но негира дека Французинот намерно се чува за Мундијалот и не сака периодов да игра за Реал.

Бензема во Ла Лига нема играно за Реал од 19 октомври наваму.

„Карим е најразочаран од ситуацијата. И тој не сака што на Светско првенство треба да оди со малку одиграни минути на последните мечеви и што не е во топ-форма и ритам. Нема никакво симулирање, тој се повреди на мечот со Селтик, но ќе може да игра во Катар. Сака да ни помогне, но не може во моментов“, изјави Анчелоти.

Се очекува Бензема да биде на листата од 26-мина француски фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на СП во Катар. Бензема играше на СП 2014, но не и пред четири години, кога Триколорите станаа светски прваци.

Според најавите, пеколниот напад на Франција треба да биде составен од Мбапе, Бензема, Гриезман, Жиру, Нкунку, Дембеле и Коман.

- Оглас -

Најнови вести