Анчелоти: „Бевме подобари, Реал го заслужи трофејот повеќе отколку Барселона“

Реал Мадрид после вистинска драма остана без трофејот од Купот на Шпанија, откако загуби со 3-2 од Барселона после продолженијата. „Каталонците“ имаа водство, па „кралевите“ направија пресврт, за на крајот Барселона не само што се спаси, туку и победи.

Карло Анчелоти смета дека Реал Мадрид бил подобриот противник на теренот и повеќе го заслужил трофејот.

„Имавме контрола на теренот, но работите се сменија кога тие се започнаа да играат. Мора да продолжиме да се бориме, бидејќи дадовме се од себе и нема за што да жалиме. Бевме поблиску до победата од противникот. Во второто полувреме се обидовме да пробиеме, кога го намалија притисокот, успеавме во тоа. Одигравме одлично во второто полувреме. Тажно е што не успеавме да го освоиме трофејот, но немам забелешки на фудбалерите.“ – рече Анчелоти.

На крајот од прес-конференцијата, Анчелоти беше запрашан за коментар и за судењето, на што кратко одговори: „Не сакам да зборувам за судијата“.

- Оглас -

Најнови вести