Реал Мадрид е на подготовки за новата сезона, а тренерот карло Анчелоти треба да состави тим кој повторно ќе атакува на титулите во шпанското првенство и Лигата на шампиони. Кралскиот клуб се засили со неколку нови играчи кои треба да бидат вклопени во шемата на искусниот италијански стратег.
Веќе со години наназад, главни играчи во средината на Реал Мадрид се искусните Лука Модриќ и Тони Крос. Анчелоти вели дека и во новата сезона овие двајца фудбалски виртуози ќе имаат значајна улога на теренот.
„Ништо нема да се смени во нивната улога. Тие се фудбалери со искуство и знаење какво што никој нема. Во нашиот состав тие служат за пример. Дадоа огромен придонес и сигурно дека ќе продолжат и во новата сезона. Ако ме прашувате колкава минутажа ќе имаат, немам одговор на тоа прашање. Сигурно ќе имаат значајна улога, но факт е дека сега конкуренцијата е поголема. Младите фудбалери многу брзо напредуваат и добро е што покрај нив има фудбалери како што се Модриќ и Крос“, рече Анчелоти.