Реал Мадрид во драматична завршницата беше елиминиран во четвртфиналето од Купот на Шпанија откако загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао, и тоа минимално со 1:0. Голот за победа на Баскијците го постигна Алекс Беренгер во 89-тата минута.
Тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти, по мечот рече дека овој пораз ги боли, но дека нема да ги сруши нивните планови за атак на титулите во Примера дивисион и Лигата на шампионите.
„Сакавме да ги освоиме трофеите во сите натпреварувања во коишто играме. Го освоивме Супер купот, бевме во добра форма и верував во успех. Затоа боли овој пораз, но нема да остави последици, туку само ќе нè направи посилни. Атлетик одигра добар меч и затоа оди понатаму“, рече Анчелоти.