Анчелоти брутално искрен кон младата ѕвезда, му објасни зошто не игра во Реал

Кога дојде во Реал Мадрид, Арда Ѓулер беше најавуван како голем талент. Сепак, тинејџерот едноставно не добива доволно време и шанса да го покаже фудбалскиот раскош кој го поседува, па затоа се почести се најавите дека е можно уште во зимскиот преоден рок да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Има повеќе клубови кои би сакале да го видат Ѓулер во нивните редови, но останува на тренерот Карло Анчелоти дали ќе се откаже од услугите на турскиот репрезентативец. Според турските медиуми, Анчелоти разговарал со младиот играч и му објаснил зошто неговата минутажа во Реал е мала.

„Анчелоти на Арда му ги соопштил причините поради кои не игра често. Прво, затоа што факт е дека Реал има голем број на играчи во средиот ред, а второ, тренерот е незадоволен од дефанзивниот пристап на Ѓулер за време на тренинзите“, наведуваат турските медиуми.

Оваа сезона, 19-годишниот Ѓулер играше на 11 натпревари, но на терен помина само  292 минути, што е под очекувањата. Пред само неколку месеци Анчелоти најавуваше дека Ѓулер во новата сезона ќе ја добие својата шанса, но тоа засега не се случи.

- Оглас -

Најнови вести