Анчелоти даде мислење за изјавата на Симеоне дека Барса е најдобар тим во Ла Лига

Со ремито на Реал и Атлетико во синоќешното мадридско дерби, задоволни се и во Барселона, каде имаат прилика со победа вечерва против Севилја, да дојдат на само бод позади Јорганџиите и два бода зад лидерот Реал, па трката за титулата ќе биде уште потесна и во неа има три тима со реални шанси на крај да го освојат пехарот.

За тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, најдобар тим во Ла Лига е Барселона, која според него игра многу добро, и има фантастични поединци.

Неговиот колега од Кралскиот клуб, Карло Анчелоти, не мисли исто, барем не дава такви изјави во јавност.

„Секој си има право на свое мислење. Ќе биде многу конкурентна и неизвесна трката, ние сме среќни што сме лидери и што добро ни оди и покрај тешкотиите“, рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести