Анчелоти даде зелено светло за необичниот трансфер: Реал Мадрид се ослободува од тивкиот бунтовник

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, даде зелено светло за реализација на еден од најчудните трансфери кои ќе се случат ова лето. „Кралскиот“ клуб и Челзи треба да си ги заменат голманите, па во Лондон да замине Андриј Лунин, а во Мадрид Кепа Аризабалага. Челзи дури и ќе треба да му доплати одредена сума на Реал Мадрид за овој трансфер.

Украинецот минатата сезона имаше одлични партии во дресот на „кралскиот“ клуб, но по враќањето на Тибо Куртоа од повредата го загуби првотимскиот статус, па голманот не беше задоволен од таквата одлука на Анчелоти. Кепа минатата сезона беше позајмен во Реал Мадрид, но без проблем прифати да биде резерва, па токму затоа „кралевите“ сакаат повторно да го ангажираат, но како резерва на Куртоа.

Сепак, и во Челзи никој не може да му гарантира место во стартната постава на Андриј Лунин, бидејќи „сините“ имаат вкупно шест голмани под договор.

- Оглас -

Најнови вести