Tренерот на европскиот првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го одреди составот на Кралевите за претстојниот натпревар против Штутгарт на „Сантијаго Бернабеу“.
Вечерва тимот го игра првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите и обврската пред домашната публика е исклучително важна за шпанскиот гигант.
Во составот на Реал Мадрид се враќа централниот дефанзивец Едер Милитао, иако имаше проблеми и го пропушти последниот тренинг на тимот. Неговото вклучување е значајна вест, исто како и враќањето на Џуд Белингам и на Аурелиен Чуамени, кои се дел од списокот и се очекува да бидат и стартери.
Реал Мадрид продолжува да се бори со проблеми со повредите. На списокот на отсутни се: Едуардо Камавинга, Брахим Дијас, Дани Себаљос и Давид Алаба.
Најблиску до враќање е Камавинга, додека Алаба и Себаљос се очекува да се вратат кон крајот на октомври или почетокот на ноември. Брахим Дијас веројатно ќе се врати на терените дури во декември.