Анчелоти: Добро е кога си нервозен пред Ел Класико, тоа значи дека го сакаш фудбалот

Најголемото фудбалско дерби на планетава, Ел Класико денеска ќе биде одиграно по 280. пат. барселона во 16:15 часот че го пречека најголемиот ривал, Реал Мадрид чиј што тренер имаше интересно излагање на прес конференцијата пред натпреварот.

Карло Анчелоти веќе со децении е вклучен во фудбалот и покрај тоа што има освоено голем број на титули и водено неколку европски гиганти тој призна дека е нервозен пред овој меч.

„Нервозен сум пред натпреварот и сметам дека тоа е добро. Кога си нервозен, значи дека ја сакаш работата што ја работиш, кога би бил смирен, тогаш знам дека ќе биде време за пензија.

Ги гледав сите натпревари меѓу овие два тима во последните 10 години и земав голем број на информации што навистина ќе ми бидат потребни, иако во Барселона како што знаеме ќе го нема Лео Меси“ изјави Анчелоти.

Првиот меч меѓу двата шпански гиганти се одиграл на 13 мај во 1902 година, а се радувала екипата на Барселона која што победила со 3:1. Последната, пак, одиграна оваа година, му припадна на Реал Мадрид кој триумфираше со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести