Реал Мадрид по исцрпувачки меч кој траеше 120 минути, а потоа се шутираа и пенали, во средата успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Кралскиот клуб нема многу време за одмор затоа што фокусот веќе е насочен на дуелот против Вилјареал во пренството на Шпанија.
Актуелниот првак гостува кај Жолтата подморница, а тренерот Карло Анчелоти е многу лут поради тоа што неговиот тим нема ни 70 часа одмор од дуелот со Атлетико Мадрид во ЛШ.
„Ме прашувате како е мојот тим? Значи, уште закрепнуваме. Па, натпреварот против Атлетико беше толку неодамнешен. Не разбирам зошто играме утре. Основниот минимум за закрепнување по натпревар е 72 часа, но за закрепнување, а не дека треба да играте уште еден натпревар пред тој рок.
Токму тоа го бараме. Но, зошто воопшто зборуваме за закрепнување на играчите кога тоа не е приоритет. Оние кои носат одлуки се грижат само за телевизиските права, не и за фудбалерите. Оваа сезона е многу стресна за нас поради премногу натпревари. Од почетокот на 2025 година одигравме 22 натпревари. Тоа значи дека од јануари играме на секои три дена. Неверојатно!”, револтирано коментираше Анчелоти.