Реал Мадрид и Аталанта вечерва во Варшава ќе го одиграат натпреварот за првиот европски трофеј оваа сезона, Суперкупот. „Кралевите“ како освојувачи на Лигата на шампионите се големи фаворити, а Карло Анчелоти најавува дека сакаат сезоната да ја започнат со стил и да го освојат првиот трофеј.
„Со нетрпение чекаме да почне натпреварот со Аталанта. Играме за првиот трофеј оваа сезона. Екипата изгледа добро иако немавме многу тренинзи, но мотивирани сме. Аталанта заслужува да биде тука бидејќи ја освои Лигата на Европа. Гасперини има големо искуство, тој ми е пријател. Соработувавме во Јувентус, имам фантастичен однос со него. Ќе биде тежок натпревар“, вели Карло Анчелоти.