Јирген Клоп после осум години денес си заминува од Ливерпул и последен пат ќе ги води на натпревар на „Енфилд роуд“. Во пресрет на натпреварот, германецот зборуваше за своите колеги, тренерите, и изненадувачки рече дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер во светот.
Токму со шпанецот осум години водеше големи битки во Премиер лигата и традицијата воопшто не е на негова страна, но вистински кошмар му беше Карло Анчелоти од кого губеше кога италијанецот беше на клупата не само на Реал Мадрид, туку и на Евертон и Наполи.
„Сите знаат дека има 115 тужби против Манчестер сити, не знам што значи тоа, ја знам само бројката. Без разлика што ќе се случи, Пеп Гвардиола е најдобриот тренер на светот. Било кој друг да беше на клупата на Манчестер сити немаше да бидат четирипати по ред шампиони на Англија. Се е до Гвардиола и неговата екипа. Тоа не значи дека Сити може да прави што сака, но квалитетот на Пеп ја прави разликата со другите екипи.“ – рече Клоп.
Клоп најмногу натпревари има токму против Гвардиола, и од времето во Бундеслигата и сега во Премиер лигата. Двајата меѓусебе се сретнаа 30-пати, а поуспешен е германецот со 12 победи, наспроти 11-те на каталонецот.