Анчелоти: Фала Евертон, но Реал Мадрид секогаш бил во моето срце

Реал Мадрид доби нов тренер откако синоќа и официјално беше потврдено дека Карло Анчелоти ќе седне на клупата која остана празна по заминувањето на Зинедин Зидан. Анчелоти досега беше тренер на Евертон, но италијанскиот стратег објасни дека едноставно не може да одбие понуда каква што е таа да биде предводник на Реал Мадрид.

„Имам многу почитување кон сите оние кои се поврзани со Евертон и се надевам дека пред клубот има многу нови успеси. Уживав во Евертон, но ми се даде шанса која мислам дека не смеам да ја пропуштам. Им благодарам на сите во Евертон што ми дадоа шанса да го предводам овој легендарен клуб, но решив да си заминам затоа што Реал Мадрид секогаш бил во моето срце“, рече Анчелоти.

За Анчелоти ова ќе биде вторпат да седне на клупата на Реал Мадрид. Првиот пат работеше во периодот од 2013 до 2015 година, период во кој успеа на „Сантијаго Бернабеу“ да ги донесе титулите од Лигата на шампионите, Кралскиот куп, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство на ФИФА. Единствено не успеа да стане првак на Шпанија. Го водеше тимот на 119 меча, во кои имаше 89 победи и само 16 порази.

 

- Оглас -

Најнови вести