Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, добар дел од прес-конференцијата по натпреварот со Жирона посвети на Лука Модриќ, кој имаше одличен настап и фантастичен гол.
Италијанскиот стручњак смета дека Хрватот треба да остане во Реал Мадрид колку сака и да си замине кога сам ќе посака.
„Модриќ е подарок за фудбалот. Тој треба да продолжи додека сака да игра. Имавме среќа што имаме легенда со нас. Имав уште еден играч кој имаше 40 години, тоа е Паоло Малдини. Тие двајца се фантастични примери. Не случајно играат толку долго. Генетиката е важна, но и посветеноста и ставот“, вели Анчелоти.
Оваа сезона 39-годишниот Модриќ веќе забележа 35 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и шест асистенции. Тој пропушти само два натпревари во преполниот јануарски распоред кој вклучуваше два натпревари од Суперкупот во Саудиска Арабија.