Реал Мадрид загуби од Барселона во финалето на Суперкупот и тоа со убедливи 5:2, пораз кој го вклучи алармот кај Кралскиот клуб. Реал многу ретко губи финале, а овојпат не само што загуби, туку прими и пет голови.
Токму фактот дека одбраната беше очајна, го натера тренерот Карло Анчелоти да направи промена во тимот. Откако пред почетокот на сезонава во Реал дојде Килијан Мбапе, Анчелоти реши да ја промени формацијата и да заигра поофанзивно за да може во стартниот тим да има место за Винисиус јуниор, Џуд Белингам, Родриго и Мбапе.
Сепак, токму оваа офанзивна формација дава шанса за противниците да го загрозат голот на мадридскиот гигант. Најавите се дека Анчелоти веќе решил да не игра со четирите ѕвезди во стартниот тим и дека еден ќе мора да остане на клупата за резерви. Многу веројатно е дека ќе „настрада“ Родриго, кој и во претходниот период кога требаше да се игра подефанзивно, беше прва опција да се пресели на клупата за резерви.
Реал Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе игра против Селта Виго во осминафиналето на Купот на Шпанија.
🚨 Carlo Ancelotti is seriously considering changing Real Madrid’s game plan in big matches by no longer starting Vinicius, Mbappé, Rodrygo and Bellingham at the same time.
(Source: @MarioCortegana ) pic.twitter.com/56fmi4K2qG
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 15, 2025