Анчелоти: Го сакам Милан во финалето на ЛШ, не во четвртфиналето

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по елиминацијата на Ливерпул, изјави дека би сакал Кралевите да се сретнат со Милан во финалето, а не во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вчера во реваншот од осминафиналето повторно го совлада Ливерпул, овој пат со 1:0 и тоа благодарение на голот на Карим Бензема, и со вкупен резултат 6:2 обезбеди место меѓу осумте најдобри.

„Одигравме и добро ја контролиравме играта. Не се браневме и се трудевме да бидеме силни и сигурни на топката. Ова беше натпреварот кој сакавме да го одиграме. Имавме предност од три гола, но не ја тргнавме ногата од педалата за гас. Тимот изгледаше добро на теренот и затоа не сакав да правам промени“, рече Анчелоти.

Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето ќе се одржи в петок, во седиштето на УЕФА во Нион. Пласман во четвртфиналето покрај Реал Мадрид, обезбедија уште и Милан, Наполи, Интер, Манчестер сити, Бенфика, Баерн и Челзи, а Анчелоти има посебна желба пред ждрепката.

„Сакам против Милан да играм во финалето, не во четвртфиналето“.
Анчелоти го тренираше Милан од 2001 до 2009 година и со Росонерите двапати триумфира во ЛШ, исто како и со Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести