36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Анчелоти го турка Винисиус кон репрезентативниот дрес

Винисиус јуниор беше најзаслужен за победата на Реал Мадрид против Елче со 2:1, по која Реал Мадрид се искачи на врвот на табелата во Шпанија. Младиот бразилски офанзивец ги постигна двата гола за Кралскиот клуб потврдувајќи дека има одлична сезона.

Сезонава во сите натпреварувања Винисиус има девет гола и четири асистенции, но и покрај тие бројки зад своето име, уште нема добиено повик од селекторот на Бразил, Тите. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти вели дека со овие игри, играчот на Реал заслужува да биде дел од Кариоките.

„Го контролиравме мечот, но токму кога помисивме дека се е решено, примивме гол. Затоа ова е лекција дека се е готово кога судијата ќе го даде последниот свиреж. Винисиус даде два одлични гола. Тој игра во добра форма и постојано постигнува голови. Јас имам доверба во него и затоа игра. Не знам зошто не е дел од бразилската репрезентација, но тоа го знае селекторот Тите кој е мој добар пријател“, рече Анчелоти.

 

- Оглас -

Најнови вести