Анчелоти: И минатата сезона не го победивме Рајо, но ја освоивме Ла Лига

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа 3-3 против Рајо Ваљекано на гости, што е третото последовно реми на овие две екипи.

Сепак, стратегот на мадридскиот клуб, Карло Анчелоти, не се разочара многу по овој резултат, бидејќи вели дека тимот играл добро.

„На добар сме пат и јас сум задоволен. Добро се натпреварувавме. Ова реми не е лош резултат како оној против Лас Палмас или Мајорка. Бевме тимски многу подобри“, изјави италијанскиот стручњак.

„Минатата година не победивме на гости против Рајо и ја освоивме Ла Лига. Следната година може да биде одлична за Реал Мадрид. Кога ќе се опорават повредените играчи, ќе бидеме подобри“, заклучи Анчелоти.

Реал Мадрид е второпласиран на табелата со 37 бода, еден помалку од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести