Анчелоти им фати сеир на Суперлигашите: Јас мислев дека се шегуваат

Карло Анчелоти малку и се пошегува со несудените 12 Суперлигаши на Европа, проект што згасна само два дена откако беше соопштено дека ќе стартува во идната сезона.

„Јас мислев дека се шегуваат, тие биле сериозни. Требаше да знаат дека спортската култура во Европа и во Северна Америка се два различни света. Не затоа што ние сме во право или тие не се, туку едноставно има големи разлики во начинот на навивање, во сфаќањето на спортот и посебно на фудбалот.

Ривалитетот на клубовите во Европа и Америка е различен, тука се живее со денови и месеци за да се победи големиот ривал, таму е малку поинаку, со поголем акцент на забава.

И што е најважно, најголемата грешка што ја направија овие 12 клуба е што воопшто не ги интересираше мислењето на навивачите. Погрешија, а воодушевен сум од реакцијата на љубителите на фудбалот. Им покажаа што е вистинска страст за фудбал. Сега уште им е тешко да признаат дека погрешија, што е лошо. Проектот Суперлига е мртов, треба да се размислува добро за новиот формат на Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти.

Интересно во целиот калабалак што настана во овие 2-3 дена е што сè уште Флорентино Перес, Жоан Лапорта и Андреа Ањели, првите луѓе на Реал, Барселона и Јувентус, сметаат и изјавуваат дека Суперлигата ќе заживее во иднина.

 

 

- Оглас -

Најнови вести