Анчелоти имал две желби за да го засили тимот на Реал, но Флорентино Перес не му ги исполнил

Лука Модриќ и Тони Крос се фудбалери кои обележаа една ера не само на Реал Мадрид, туку и на европскиот и светскиот фудбал, и во моментов практично е невозможно да се најде замена за нив двајца.

Флорентино Перес изгледа станал доста штедлив во последно време, што го потврдува и неодамна откриената информација за желбите на тренерот Карло Анчелоти.

Крос и Модриќ со години беа клучните играчи во средниот ред на Реал, и заедно освоија шест титули во Лигата на шампионите.

Германецот неочекувано реши да се пензионира по завршувањето на минатата сезона, што ги фати неподготвени луѓето во клубот и не им остави време да реагираат.

Од друга страна, Хрватот е во доцни играчки години и веќе не е во состојба да игра два натпревари неделно со висок интензитет.

Сето тоа му беше јасно и на Анчелоти, кој побара од Перес засилувања за да се надомести заминувањето на Крос и физичките лимити на Модриќ. Но, наиде на одбивање.

Според добро информираните новинари на „Марка“, Анчелоти ги посочил Алексис Мекалистер од Ливерпул и Сандро Тонали од Њукасл како идеални засилувања за средниот ред на Реал Мадрид.

Меѓутоа, Перес не се согласи на нивно доведување, што резултираше со губење на балансот во тимот.

Модриќ не успеа сам да ја пополни празнината што ја остави Крос, што доведе до елиминација во четвртфиналето на Лигата на шампионите и порази од Барселона во Купот на кралот и во шпанскиот Суперкуп.

На крајот, трофејниот тренер Анчелоти беше оставен сам да бара решенија во текот на сезоната, но безуспешно – и според моментната ситуација, го очекува заминување.

- Оглас -

Најнови вести