1.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Анчелоти испробувал изненадувачка варијанта пред клучниот меч со Арсенал

Вечерашниот меч против Арсенал може да му ја запечати судбината на Карло Анчелоти како тренер на Реал Мадрид, па италијанскиот стратег е спремен на секакви опции за да успее во намерата да го елиминира англискиот тим кој на првата средба во Лондон победи убедливо со 3-0.

Јасно е дека вечерва Арсенал го чека пекол во Мадрид, но Анчелоти има проблеми околу составот, повреден е Менди, суспендиран Камавинга, двајца играчи во кои тој има доверба, а нема доверба во Фран Гарсија и Лукас Васкес, кои се офанзивни бекови и „тенки“ во одбрана, и размислува да прави рокади.

Шпанските медиуми објавуваат дека Анчелоти на тренинг во одбраната испробувал варијанта каква што досега не е видена во Реал, а тоа е со Асенсио и Алаба како бекови, а Ридигер и Чуамени како централни дефанзивци.

Ова е предизвикано од враќањето на Дани Себаљос, за кого веројатно ќе има место во почетните 11, заедно со Валверде и Белингам во средниот ред.

- Оглас -

Најнови вести