Анчелоти: Историјата на Реал Мадрид ни помогна да го победиме Манчестер сити

Карло Анчелоти по петти пат во својата кариера ќе води еден тим во Лигата на шампионите. Искусниот италијански стратег го пронајде рецептот за пласман во завршниот меч откако вчеравечер Реал Мадрид го елиминира Манчестер сити.

Стратегот откри навистина интересен детаљ пред почетокот на мечот за тоа како ги мотивирал играчите.

„Кога сите не отпишуваат, ние тогаш сме најдобри сезонава. Едноставно, така накратко можам да кажам. Историјата на Реал Мадрид ни помогна да го победиме Манчестер сити.

Пред натпревварот им покажавме видео на играчите со сите пресврти сезонава. Пред оваа средба имавме осум пресврти, а на крајот пишуваше дека треба да направиме уште еден.

Тие беа тежок опонент, но ние во ниту еден момент не се откажавме. Сега ни следува меч против Ливерпул. За мене ова е дерби бидејќи живеев две години таму, а за Јирген Клоп имам голема почит.

Ова за мене ќе биде трето финале против Ливерпул и навистина со нетрпение го очекувам мечот“, изјави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести