Анчелоти ја објасни одлуката да не го повика Нејмар во репрезентацијата на Бразил

Италијанскиот стратег и селектор на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, го изостави Нејмар од списокот за претстојните пријателски натпревари против Франција и против Хрватска.

Иако 34-годишниот напаѓач на Сантос се врати на терените по долгата пауза поради повреда, Анчелоти смета дека ѕвездата на Кариоките сè уште не е на потребното физичко ниво за настапи во националниот тим.

Пријателските натпревари ќе се играат на 26 и 31 март и претставуваат последна можност за експериментирање пред објавата на конечниот список за Светското првенство 2026.

Објаснувајќи ја својата одлука, Анчелоти нагласи дека вратите за Нејмар не се затворени:

„Нејмар и понатаму може да игра на Светското првенство. Ако дојде целосно подготвен, ќе биде таму. Зошто го нема сега? Затоа што не е на сто проценти. Во моментов ни се потребни играчи кои се веднаш подготвени“, изјави Анчелоти.

Тој додаде дека станува збор исклучиво за проценка на физичката подготвеност, а не на квалитетот:

„Нејмар е извонреден со топка, но според мене и според стручниот штаб, не е на своето максимум ниво. Треба да продолжи да работи, да игра и да ја покаже својата класа со добра физичка форма. Ќе продолжиме внимателно да ги следиме неговите настапи во наредните месеци“, истакна селекторот.

- Оглас -

Најнови вести