26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Анчелоти ја откри причината за поразот на Реал од Барселона

Реал Мадрид загуби во финалето на Супер купот на Шпанија, откако на неутрален терен во Ријад, загуби од вечниот ривал Барселона со 3:1. Кралскиот клуб во текот на целиот дуел беше во подредена ситуација, а единствената нивна радост беше во 93 минута кога Карим Бензема постигна почесен погодок.

По финалето, тренерот на Реал, Карло Анчелоти призна дека неговиот тим заслужено загубил.

„На противникот му подаривме многу топки. Немавме добар ритам. Откако ни го дадоа првиот гол, нивната самодоверба порасна. Барселона е многу добар тим. Ние треба да ги најдеме грешките и да ги корегираме. Против Валенсија покажавме многу подобра игра од тоа што го одигравме денеска. Во едно финале, тие грешки се казнуваат“, рече Анчелоти по поразот од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести