19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Анчелоти ја пофали играта на Реал, но се пожали од новиот формат на ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше по убедливата победа на Кралевите против Брест со 0-3 во натпреварот од последното, осмо коло на основната фаза во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид не успеа да се пласира меѓу најдобрите осум, а сега ризикува да игра против Манчестер сити во плејофот од елитното европско клупско натпреварување.

„Премногу натпревари. Премногу одиграни средби. Треба да ги намалиме, а не да додаваме нови. Игравме покомпактно, поефикасно и добро во одбраната. Ова е добар момент за тимот и мора да продолжиме во истиот дух“, изјави Анчелоти.

Тренерот на актуелниот европски шампион зборуваше и за индивидуалните настапи на своите фудбалери.

„Родриго е одличен, како и останатите. Тој постигнува многу голови, но ние имаме голем потенцијал во нападот. Тимот игра добар фудбал“, додаде Анчелоти.

Еден од можните противници на Реал Мадрид во елиминациската фаза е Манчестер сити, против кого играа во последните три изданија на турнирот – еднаш Граѓаните беа победници, додека двапати шпанскиот гигант продолжи понатаму.

„Ждребот е пред нас, а што ќе се случи – ќе се случи. За да ја освоиш Лигата на шампионите, мора да победиш во секој натпревар“, заклучи Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести