32.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Анчелоти ја пронајде грешката поради која Реал одигра катастрофално

Реал Мадрид како ретко кога во последните години пред своите навивачои доживеа дебакл од Барселона со 4:0. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, ја пронајде грешката поради којашто неговиот тим одигра навистина лошо.

„Сè отиде во погрешен правец и игравме непрепознатливо. Им кажав на играчите дека направив грешка, погрешив во припремата за натпреварот, но и тоа знае да се случи.

Модриќ започна како ‘лажна деветка’, но тоа не ни успеа и по првиот гол на Барселона се виде дека планот нема да успее. Едноставно, тоа не беше наша ноќ. Паузата ќе ни биде добредојдена, иако верувам дека овој пораз нема да остави преголеми траги по нас“, изјави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести