Анчелоти: Јуве фаворит, Интер е силен, но Наполи не се задоволува со второ место

Наполи утре ја пречекува Сампдорија во првиот меч на „Сан Паоло“ сезонава, а тренерот Карло Анчелоти говореше околу реновирањето на соблекувалните и амбициите на неговиот тим сезонава во Серија А. Анчелоти верува дека екипата во која го има и нашиот Елиф Елмас, може до титулата, иако фаворитската улога му ја препушта на Јувентус кој осум години е неприкосновен владетел.

„Неапол заслужува убав стадион на кој сè ќе функционира беспрекорно. Ни претстојат два меча за четири дена, но би рекол дека сме во добра кондиција. Инсиње, Милик и Лозано почнаа да работат со тимот. Мислиме само на Сампдорија, после тоа ќе мислиме на дуелот со Ливерпул. Добро е што следните четири меча ги играме дома. Не сум задоволен од одбраната, на два меча примивме седум голови и тоа не е добро. Јувентус повторно е фаворит број 1, Интер добро се засили, имаат голем ентузијазам и мотивиран тренер како Конте. Ние ќе се бориме до крај, не сакаме да бидеме втори“ – изјави Анчелоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести