22.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Анчелоти ќе добие отказ ако не освои еден од трите главни трофеи оваа сезона

Реал Мадрид веќе ги освои УЕФА Суперкупот и Интерконтиненталниот куп оваа сезона, но тоа не се трофеите што му гарантираат сигурност на Карло Анчелоти. Според шпанските медиуми, доколку Кралевите не освојат ниту еден од трите главни трофеи – Ла Лига, Лигата на шампионите или Купот на кралот, италијанскиот стратег ќе добие отказ.

Реномираниот медиум „Релево“ пишува дека доколку Реал не успее да триумфира во некое од овие натпреварувања, Анчелоти ќе го напушти клубот и покрај тоа што има договор и за следната сезона. Веќе се шпекулира дека негов наследник ќе биде Чаби Алонсо, кој моментално го предводи Баер Леверкузен.

Шпанските извори тврдат дека е постигнат неформален договор меѓу двата клуба, според кој Алонсо ќе добие дозвола да го напушти Баер во случај Реал да го побара.

Анчелоти во својот втор мандат на клупата на Реал досега освои две титули во Ла Лига, три во Лигата на шампионите и вкупно 14 трофеи. Сепак, притисокот во клубот секогаш е огромен, а иднината на Италијанецот ќе зависи од тоа како ќе заврши сезоната.

- Оглас -

Најнови вести