22.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Анчелоти ќе ја шокира јавноста со одлуката поврзана со Винисиус јуниор

Карло Анчелоти од неодамна го прифати предизвикот да биде селектор на Бразил. Италијанскиот стратег веќе одработи еден циклус од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година, кога Бразил ремизираше со Еквадор, а потоа го победи Парагвај.

За околу 20-тина дена следи нов циклус од два меча во квалификациите, а Анчелоти планира во составот да не го повика Винисиус Јуниор. На 5 септември Бразил ќе биде домаќин на Чиле, а пет дена подоцна следува и гостување кај Боливија.

Според најавите, Анчелоти нема да го повика Винисиус јуниор и за тоа постои добра причина. Ѕвездата на Реал Мадрид е суспендирана и нема да може да игра против Чиле, а Анчелоти верува дека подобро е Винисиус да не се малтретира да доаѓа од Мадрид на толку долг пат само за гостувањето кај Боливија.

По 16 одиграни кола во квалификациите, Бразил има освоено 25 бодови, колку што има и Еквадор, додека лидер е Аргентина со 35 бодови. Чиле кој е првиот ривал на Бразил во септемврискиот циклус е последен на табелата со само 10 бодови, додека Боливија е на осмото место со само 17 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести