Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во анализата на натпреварот против Валенсија рече дека неговиот тим не смее да си дозволи да има две лица, и да игра лошо во едно, а добро во друго полувреме, а даде свој став и за инцидентот во кој Винисиус без топка, некоректно го фати Столе Димитриевски за главата и го турна, при што Бразилецот доби црвен картон.
„Не сакам да кажам дека Вини падна во стапица. Имаше допир од Димитриевски, а потоа туркање од Вини. Мислам дека со два жолти картони се реши. Мислиме дека не е за црвен, туку дека темата требаше да се затвори со жолти картони за двајцата. Ќе поднесеме жалба, мислам дека нема да има санкција за Винисиус. Победата е ферм иако првото полувреме беше многу лошо. Зборував со играчите за да им кажам дека не сфаќам колку беше добро второто полувреме и колку беше лошо првото полувреме“, рече Анчелоти.
Карло добро ги знае правилата и не се буни што пеналот не беше повторен.
„Димитриевски ги немаше стапалата на линијата, но тоа не прекршок за повторување на пенал ако голманот не ја допре топката. Не влијаеше на играта. Ми пречи друго, што промашивме три пенали сезонава. Ќе треба јас да преземам одговорност и да одлучувам кој ќе ги шутира пеналите“, додаде италијанскиорт стручњак.