Анчелоти ќе си купи одличен играч од Јувентус само за 25 милиони евра

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, сака да го доведе Федерико Кјеза на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, открива „Фичајес“, еден од елитните информатори за трансферни активности во Шпанија. Италијанскиот стратег сака да ја искористи можноста што Јувентус го продава за релативно евтина сума.

Јувентус е подготвен да го пушти 26-годишниот напаѓач само за 25 милиони евра. Кјеза не е во плановите на новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота. Тој постигна десет гола и забележа три асистенции во 37 натпревари минатата сезона.

Федерико Кјеза има договор до 2025 година, но Јувентус нема да му понуди продолжување и затоа сака да го продаде ова лето. Анчелоти во него гледа идеална замена за Хоселу, кој следната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а сака да се обезбеди и по најавите за евентуалното заминување на Родриго.

Реал Мадрид во новата сезона на располагање ќе има двајца нови напаѓачи, Килијан Мбапе и Бразилецот Ендрик.

 

- Оглас -

Најнови вести