Наполи ремизираше без голови на „Сан Паоло“ против Киево, меч во кој домаќините доминираа, но не го остварија посакуваниот резултат. Карло Анчелоти иако фрустриран, извлече поука од овој меч за нивниот следен предизвик, дуелот со Црвена звезда во Лигата на шампиони во рамките од 5. коло.
„Бевме бледи во нападот, креиравме шанси, но без конкретна закана. Не игравме со посакуваниот интензитет. Тоа му озвозможи на противникот да ја спроведе својата дефанзивна тактика. Сепак, ова беше добар тест за следниот наш предизвик. Очекувам Звезда да има сличен пристап на тој меч како денеска Киево, така што од овој меч можеме да извлечеме добра поука“, истакна Анчелоти.
Дуелот Наполи – Црвена зведа се закажан за среда, со почеток од 21 часот.