Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, изрази надеж дека Ливерпул нема својата премиерлигашка титула да ја прослави со победа на „Гудисон парк”. Италијанскиот стручњак најавува дека на 16-ти март, кога Црвените ќе му бидат гости на Евертон, нема да биде денот кога Ливерпул ќе стане првак.
Ливерпул 30 години чека титула, а ако ги добие сите мечеви до 16-ти март, а притоа Манчестер сити не ги добие сите, тогаш екипата на Јирген Клоп може да стане првак најрано на „Гудисон“. Ако и Сити ги победи сите, тогаш Ливерпул може да освои титула против Кристал Палас на својот „Енфилд” на 21-ви март.
„Видете, Ливерпул ќе стане шампион. Но, се надевам дека тоа нема да се случи на Гудисон парк. Има толку многу стадиони во Англија, зошто баш на нашиот?” – праша Анчелоти со насмевка.