Реал Мадрид за првпат под водство на тренерот Карло Анчелоти една сезона не ја започнува со победа. Кралскиот клуб водеше на гости кај Мајорка, но на крајот дуелот заврши 1:1. По завршување на средбата, тренерот на Реал беше разочаран и незадоволен од тоа што го покажаа неговите избраници.
„Добро го започнавме дуелот, но требаше да постигнеме и втор гол. Во вториот дел ни недостасуваше рамнотежа. Не сум задоволен од ремито бидејќи можевме многу подобро. Ни требаше повеќе самодоверба. Можеме многу да научиме од овој меч затоа што јасно покажа дека имаме некои проблеми“, рече Анчелоти по ремито против Мајорка на гости.
Дуелот од трибините на стадионот го следеше и Рафаел Надал. Тенисерот е роден на островот Мајорка, а Реал е негов омилен тим, па тој беше задоволен од ремито.
„Уживав гледајќи ги двата мои омилени тима. Беше возбудлив меч и мислам дека на крајот ремито е реално за двете екипи“, рече Надал, кој по мечот се поздрави со Килијан Мбапе и го доби неговиот дрес.
Kylian Mbappé gave Rafa Nadal his Real Madrid jersey.
Iconic moment between two of the biggest athletes in the world.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) August 18, 2024