Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го доби очекуваното прашање веднаш по мечот со Шахтар во Лигата на шампионите и иако не беше поврзано со тој дуел, со нетрпение го очекуваа, особено навивачите на Кралскиот клуб.
Дали Килијан Мбапе ќе биде јануарското засилување за Реал Мадрид беше прашањето за Дон Карло, а тој одговори загонетно.
„Дали Мбапе ќе дојде во Реал во јануари? Не ме прашувајте, нема да ви одговорам и имам право на тоа“, рече Анчелоти.
https://twitter.com/CanalplusFoot/status/1579955045625663488?s=20&t=OTmD56RsKkbrWia13xtSLA
Тоа е шокантен развој на настаните ако се знае дека Мбапе ова лето го продолжи договорот со Пари Сен Жермен до 2025 година.
ПСЖ прифатил варијанта 2+1, односно продолжување на договорот до 2024 година со Мбапе, со можност за продолжување на уште една година, а тоа го чини околу 400 милиони евра.
Рел Мадрид имаше вербален договор со Мбапе, францускиот ас ова лето да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, но астрономската понуда на ПСЖ со многу повластици за Килијан беше клучна за останување на напаѓачот во Париз.
Сега е објавено дека обврските што ги презеде ПСЖ не се исполнуваат, а Мбапе не може да се справи и да се снајде против јужноамериканскиот клан и бара веднаш во следниот преоден рок да си замине.
Реал повторно е во игра за негов ангажман, а Мбапе не крие дека сака да игра за шпанскиот гигант, па ќе биде интересно во следните неколку месеци до стартот на зимскиот преоден рок.