Реал Мадрид утре го пречекува Хетафе во меч од Ла Лига и со евентуална победа ќе дојде на само бод од Барселона, но ќе има и меч помалку. Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти го најави мечот против Хетафе, но ја коментираше и формата на Мбапе.
„Мора да бидеме подобри. Работиме на тоа да бидеме подобри и Мбапе работи да биде подобар, исто како и сите други. Сепак, тој веќе постигна осум гола, имаше и асистенции. Може да игра подобро? Да, може, меѓутоа сите ние можеме да бидеме подобри и работиме на тоа. И мојата ситуација е иста како и Мбапе. Правам се што можам за да го направам најдоброто.“ – вели Анчелоти.