29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Анчелоти може да здивне, магичниот трилинг од средниот ред се приклучи на тренинзите на Реал

Карло Анчелоти може да здивне откако во таборот на Реал Мадрид се врати трилингот играчи од средниот ред, Лука Модриќ, Касемиро и Тони Крос, и веќе се во погон на тренинзите на Кралскиот клуб.

Модриќ дојде во Мадрид во славеничко расположение, откако со Хрватска успеа да обезбеди пласман на Мундијалот во Катар, а Касемиро тоа го направи порано со Бразил.

Крос се прости од настапите за селекцијата на Германија, која беше убедливо прва во нашата Ј група и директно патува на Мундијалот во Катар.

Крос беше повреден во септември, но се врати на терен и веќе одигра 8 меча за Реал во континуитет.

Касемиро има парни жолти картони и затоа беше ослободен од обврски во репрезентацијата на Бразил, па Карикоите му дозволија порано да се врати во Мадрид и да се приклучи на тренинзите на Реал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести