Анчелоти: “Можеби ова е последно финале за мене со Реал“ (Видео+Фото)

Екипите на Реал Мадрид и Осасуна вечерва во 22 часот ќе го одиграат финалето од Купот на Шпанија. “Кралскиот“ клуб е апсолутен фаворит за освојување на трофејот и ова за нив може да биде единствениот трофеј што ќе го освојат оваа сезона.

Карло Анчелоти, тренерот на Реал, во пресрет на натпреварот одржа долг говор пред фудбалерите, а потоа за медиумите најави дека можеби на крајот од сезоната ќе си замине од Реал Мадрид.

– “Ова можеби за мене е последно финале. Никогаш не се знае“ – кусо одговори Анчелоти на новинарско прашање.

https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1654599599879749639?s=20

Ова само ги подгрева шпекулациите дека дека Анчелоти на крајот од оваа сезона ќе си замине доколку не ги освои двата трофеи за кои Реал е во игра, Купот на Шпанија и Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести