Бразил славеше со 2-0 над Сенегал во пријателски меч кој се одигра во Лондон, но дефанзивецот на Арсенал, Габриел, се повреди и мораше да биде заменет.
Селекторот на „кариоките“, Карло Анчелоти, по натпреварот изјави дека не знае колку е тешка повредата на Габриел, но му се извини на Арсенал.
„Лошо ли е? Не знам, имаше проблем со адукторите, медицинскиот тим треба да го прегледа. Многу ни е жал поради тоа, многу сме разочарани кога играчите се повредуваат. Се надевам дека ќе се опорави добро и наскоро.“ – рече Анчелоти.
Габриел веднаш го напушти кампот на Бразил и остана во Лондон на медицински тестови, додека остатокот од селекцијата патува за Франција каде ќе игра контролен меч против Тунис.

