Интересна ситуација има во Реал Мадрид деновиве. Претседателот на клубот, Флорентино Перес, на трансфер-листа го стави левиот бек Ферлан Менди, но со таквата одлука не се согласува тренерот Карло Анчелоти.
Планот на Перес е да го продаде Менди, кој во 2019 беше купен за 48 милиони евра од Лион, а со тие пари да го реализира трансферот на Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен бидејќи на таа позиција во екипата е и младиот Фран Гарсија.
Сепак, Карло Анчелоти на 12 од последните 14 натпревари играше со Менди во стартната постава, па не сака ниту да слушне за негова продажба и посакува следната сезона да има три леви бека во составот.