Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анлелоти, не смета дека 27-годишниот централен дефанзивец Хесус Ваљехо е играч кој го задоволува нивото на Кралевите, тврди шпанскиот весник „АС“.
Италијанскиот стратег веќе му соопштил на фудбалерот дека нема така лесно да добие шанса во тимот и дека можеби најдобро за него ќе биде да си замине од Мадрид во текот на зимата.
Анчелоти би претпочитал да го користи дефанзивниот играч од средниот ред Аурелиен Чуамени на позицијата централен дефанзивец во случај да нема други достапни опции.
Сега ротацијата е и намалена по сериозната повреда на Дани Карвахал, кој исто така понекогаш добиваше улога како стопер.
Реал Мадрид нема да го продолжи договорот на Ваљехо, кој истекува во средината на 2025 година. Оваа сезона Хесус Ваљехо настапи само на еден натпревар во Ла Лига.