Анчелоти на мака: Дури осуммина ѕвезди нема да играат во утрешното четвртфинале!

Реал Мадрид загуби во последниот меч, и тоа на гости кај Еспањол со 1:0, но тоа не е најголемиот проблем за тренерот Карло Анчелоти. Кралскиот клуб утре гостува кај Леганес во четвртфиналето од Купот на Шпанија, а фаворитот има големи проблеми околу составот.

Веќе е сигурно дека Реал Мадрид на ова гостување ќе биде дури без осуммина ѕвезди. Во составот ќе ги нема Куртоа, Карвахал, Милитао, Рудигер, Алаба, Белингам, Камавинга и Мбапе. Сите се надвор од составот поради повреди.

Актуелниот шпански и европски првак нема баш пријатни спомени кога гостува кај Леганес и има само една победа во последните четири настапи на тој терен. Реал сезонава победи убедливо со 3:0 во првенството, но во претходните три настапи таму има реми 2:2 и 1:1, како и пораз од 1:0.

- Оглас -

Најнови вести