Анчелоти на мака: Се надевам дека играчите нема да заспијат на следниот натпревар

Реал Мадрид продолжува со жестокиот ритам на натпревари. По мечот во неделата, кога играа дерби-дуел против Атлетик Билбао и победија со погодок во 90+3 минута, следниот предизвик за Кралскиот клуб ќе биде дуелот против градскиот ривал Хетафе.

Мечот се игра утре, а стартот е закажан за 21:30 часот. Според тренерот на Реал, Карло Анчелоти, токму времето на почеток на натпреварот претставува проблем.

„Добро е што немаме долг пат, но можеше времето за почеток на средбата да биде во подобар термин. Многу луѓе дури и спијат во 21:30 часот. Се надевам дека моите играчи нема да заспијат“, рече Анчелоти.

Предводникот на Реал потенцираше дека за дуелот против Хетафе поради повреди, нема да може да смета на Килијан Мбапе и Ферланд Менди.

Реал Мадрид заостанува четири бода зад Барселона, која е лидер на табелата во Примера дивисион. Каталонскиот гигант вечерва на свој терен ќе игра против Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести