Анчелоти на прес-конеференцијата пред мечот со Алавес зборуваше само за Арсенал

Реал Мадрид утре го игра својот меч од шпанската Ла Лига против Алавес на гостински терен, а тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, се појави пред новинарите на редовната прес-конференција. Сепак, наместо за утрешниот меч, главната тема беше дуелот против Арсенал од Лигата на шампионите, кој Реал Мадрид го загуби со убедливи 3-0. Италијанецот е искрен и рече дека „топчиите“ комплетно ги надиграле.

„Имаме оружје за да се бориме до последен момент. Пресвртот започнува со утрешниот натпревар. Сакаме да си го вратиме духот. Тоа што ќе се случи во среда поминува низ утрешниот меч. Ефикасноста ни е намалена, тоа е факт. Најважното е да не примаме толку голови, во моменти кога нашите напаѓачи не се ефикасни како порано. Некогаш победуваме и кога трчаме помалку, но Арсенал нѐ надигра во секој поглед, но тоа не е единствениот проблем. Не ја разбирам одлуката да играме во недела, но имаме повеќе од 72 часа за одмор. Нема да се жалиме.“ – рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести