34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Анчелоти најави дека Наполи може да ја освои Лигата на Европа

Наполи вечерва гостува кај Цирих во првиот меч од 16-финалето на Лигата на Европа, а тренерот на италијанскиот калчолигаш Карло Анчелоти е полн со оптимизам, и тоа не само за овој дуел, туку за вкупниот настап во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Анчелоти верува дека Наполи има сили да стигне дури и до трофејот во Лигата на Европа, иако е уште многу рано да се размислува за такво нешто.

„На некои мечеви не одигравме како што посакуваме. Мора да бидеме попрецизни во реализацијата. Лигата на Европа може да ни направи да имаме незаборавна сезона. Турнирот е долг, но ние можеме да одиме до самиот крај. Убеден сум дека можеме да ги победиме сите противници“, рече Анчелоти.

 

- Оглас -

Најнови вести