Анчелоти не беше расположен за разговор: „Нешто се случува со судењето“

Реал Мадрид и трет натпревар по ред во Ла Лига не успеа да победи, но не беше симнат од врвот, откако и Атлетико одигра 1-1, па сега Барселона со победа во понеделник ќе се израмни на врвот со „кралевите“.

И после новиот кикс на Реал, главна тема се судиите, иако Карло Анчелоти после мечот не беше многу расположен да ги коментира, веројатно за да не биде суспендиран.

„ВАР ги проверуваше само ситуациите во нашиот шеснаесетник, но не и оние во шеснаесетникот на противникот, како на пример, со ситуациите на почетокот на натпреварот. Имаше две до три работи кои требаше да се прегледаат, но тоа не се случи. Има проблем, нешто се случува во последните три натпревари. Се што можеме да направиме е да се бориме, да се бориме и да играме. Генерално, одигравме добро и ќе се обидеме да го сториме истото и во среда во Лигата на шампионите, но и во следното коло. Се надевам дека се ќе биде добро.“ – рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести