Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, реши да даде свој коментар околу инцидентот кој го одбележа мадридското дерби против Атлетико. Дуелот кој 15-тина минути беше во прекин, заврши 1:1 откако навивачите на Атлетико почнаа да фрлаат на теренот со меки и тврди предмети по провокацијата од Тибо Куртоа.
Голманот на Реал Мадрид почна да се радува и да вика „уште, уште“ откако Кралевите постигнаа погодок за 1:0. Анчелоти не сакаше да коментира дали Куртоа треба да биде казнет поради провокациите, но јасно истакна дека насилните фанови не треба да добијат место на трибините.
„Ги почитувам своите мислења, но проблемот е јасен. За насилството нема место во фудбалот. Насилните луѓе не треба да бидат во фудбалот, ниту во општеството. Се обидувам да ги разберам сите мислења, но сите видовме што се случи“, рече Анчелоти.