Реал Мадрид како актуелен европски и шпански првак доживеа катастрофа пред своите навивачи. Кралскиот клуб со 0:4 загуби од вечниот ривал Барселона и тоа откако сите четири погодоци ги прими во второто полувреме.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти немоќно го гледаше противникот како го понижува неговиот тим, па италијанскиот стратег кој важи за смирен, излезе од контрола кога Барселона го постигна четвртиот гол.
Сите фудбалери од клупата на Барселона скокнаа да слават за погодокот на Рафиња, а во тој момент, Анчелоти со прстот почна да мафта кон неговиот колега од спротивната страна, Ханси Флик дека премногу слават.
Ретко кога Реал Мадрид прима четири гола, а не па тоа да биде на „Сантијаго Бернабеу“ и да се работи за триумф од 4:0. Предводникот на Барселона, Флик не сакаше да влегува во непотребен конфликт со Анчелоти, па ја прифати забелешката од постариот колега, а неговите играчи продолжија да слават.
Lo de Ancelotti yéndole a reprochar a Flick porque han celebrado demasiado el cuarto gol… Jajajajajajajaja.
Vaya ridículo. Como si todos sus jugadores y ayudantes no celebrasen igual los goles.
Poco a poco se le va cayendo la careta.pic.twitter.com/uXvTKWvuH1
— Iván (@IvaanBlanco26) October 26, 2024