Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот на играчи за претстојните два меча од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Бразил во септември ќе игра против Чиле на домашен терен и на гости во Боливија. Анчелоти пред неколку месеци седна на кормилото на петкратниот светски првак и досега имаше два меча како предводник (победа и реми).
Тоа што е изненадување е дека во составот на Бразил нема ниту еден фудбалер од Реал Мадрид. Во Кралскиот клуб играат дури четворица Бразилци, но на списокот не се најде ниеден.
Офанзивците Винисиус и Родриго се изоставени, исто како и младиот Ендрик, додека Едер Милитао уште не е целосно подготвен по повредата што ја имаше. На списокот го нема ниту Нејмар од Сантос, но затоа во составот ќе биде капитенот Рафиња од Барселона.
На Бразил му останува теоретски да го обезбеди пласманот на Светското првнство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.